• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на ПСЖ повторно се изјасни против Суперлигата

Претседателот на ПСЖ повторно се изјасни против Суперлигата

Париз, 25 април 2024 (МИА) - Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи, кој ја предводи Европската клупска асоцијација, повторно се изјасни против создавањето на Суперлига, за која лобираат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

-Го прашав претседателот на Барселона, Лапорта кога ќе се откажат од оваа глупава идеја за создавање Суперлига. За мене не постои Суперлига. Лигата на шампионите е најдобриот клупски турнир во светот. Тие се во него, ние се сретнавме во четвртфиналето, се надевам дека ќе го прекинат ова наскоро, бидејќи тоа е бесмислен потфат, изјави Ал-Хелаифи, цитирани од „Мундо Депортиво“ и „Марка“.

На крајот на минатата година, Европскиот суд на правдата ги прогласи за незаконски постапките на ФИФА и УЕФА за забрана на создавањето на Суперлигата, која започна во 2021 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан