• среда, 04 декември 2024

Претседателот на ПСЖ ги демантираше информациите за интересот на клубот за Салах

Претседателот на ПСЖ ги демантираше информациите за интересот на клубот за Салах

Париз, 3 декември 2024 (МИА) - Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи ја демантираше информацијата за интересот на парискиот клуб за крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах.

-Ова не е вистина. Тој е фантастичен играч, но никогаш не сме разговарале за неговиот трансфер. Знаеме дека секој клуб би сакал Салах да игра за нив, но таквата информација не е точна, изјави Хелаифи, цитиран од новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа „Х“.

Претходно во медиумите се појави информација дека ПСЖ е подготвен да му плаќа на Салах околу 40 милиони евра годишно. 

Благодарение на оваа сума, но и на бонусите, египетскиот фудбалер би можел да стане еден од најплатените играчи на планетата и најплатен во Европа. дс

Фото: Архива

Остани поврзан