• среда, 27 ноември 2024

Претседателот на Претседателството на БиХ ја критикуваше неактивноста на ОН кон Украина

Претседателот на Претседателството на БиХ ја критикуваше неактивноста на ОН кон Украина
Њујорк, 21 септември 2022 (МИА) - Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, денеска од говорницата на ОН го осуди неуспехот на Обединетите нации да ја спречат војната во Украина, посочувајќи дека тоа е „ужасно повторување“ на војната во Босна и Херцеговина пред три децении. Во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, Џаферовиќ ја критикуваше неможноста на Советот за безбедност да усвои обврзувачка резолуција или декларација за војната во Украина. „Системот на Обединетите нации не беше во можност да ја спречи или запре војната во мојата земја... За жал, тоа се повтори“, рече Џаферовиќ, забележувајќи дека Советот за безбедност „очигледно не може да ги исполни своите обврски“. Додека дејствувањето на Советот за безбедност е ограничено со правото на вето на пет земји (САД, Кина, Велика Британија, Франција и Русија) што се одрази и во односот на телото кон руската агресија врз Украина, Генералното собрание на ОН што нема право на вето усвои резолуции со кои беше побаран прекин на огнот во Украина и повлекување на руските сили. аб/

Остани поврзан