• сабота, 23 ноември 2024

Претседателот на Наполи предложи да се организира елитна Серија Е

Претседателот на Наполи предложи да се организира елитна Серија Е

Неапол, 24 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.  предложи создавање на елитна Серија Е. 

- Би ја направил серијата Е, каде што Е значи елита. Во неа би учествувале само клубови со значителен број навивачи. Сега, Палермо, кој дава економски гаранции, не може да ја помине Серија Д. Бари, со база од милион и двесте илјади навивачи, не може да остане таму каде што е. А во Серија А има градови со дваесет илјади жители кои не продаваат ни десет илјади билети. Идејата ми е на седум-осум екипи кои доминираат на табелата, да додадеме уште седум кои можеби имаат исти амбиции. Во елитната Серија Е ќе има 14 клубови. Потоа две групи во Серија А од по дваесет екипи. А се друго е аматеризам, изјави Де Лаурентис. 

Првиот човек на актуелниот фудбалски шампион на Италија, Серија Е ја спореди со НБА.  

- Има пример за кошарка во Америка. Има преполни арени. Не можете да добиете билет за натпревар на Лејкерс. Запрашајте се колку заработуваат. А некои тврдат дека ќе има недостаток на натпреварувачки дух. Сето ова не е вистина, додаде Де Лаурентис. 

Пред неколку дена дозвола за непречено почнување со натпревари доби и Суперлигата, но неизвесно е нејзиното одржување. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан