• петок, 27 декември 2024

Претседателот на Намибија парично казнет поради роденденска забава за време на карантин

Претседателот на Намибија парично казнет поради роденденска забава за време на карантин
Виндхук, 29 мај 2020 (МИА) - Претседателот на Намибија, Хаге Гејнгоб  и неколку владини претставници се парично казнети бидејќи минатиот месец ги прекршиле здраствените прописи воведени поради епидемијата со Ковид-19, оганизирајќи прослава по повод 60-годишнината на неговата партија. Роденденската забава на Народната организација на Југозападна Африка (СВАПО) се одржа на 19 април во Парламентот, кога Намибија беше затворена, а беа забранети групните собири со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус. На забавата покрај Гејнгоб беа и заменик-претседателот на Намибија, Нанголо Мбумба, премиерката Сара Кунгогелва-Амадила и генералната секретарка на СвАПО, Софија Шанингва. Сите треба да платат 2.000 намибиски долари (околу 100 евра). Во Намибија 22 лица се инфицирани со новиот коронавирус, од кои 14 оздравеле. Во земјата не е регистриран ниту еден смртне случај. ми/

Остани поврзан