• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателот на МОК, Томас Бах, по завршувањето на мандатот ќе поднесе оставка како член на организацијата

Претседателот на МОК, Томас Бах, по завршувањето на мандатот ќе поднесе оставка како член на организацијата

Лозана, 26 февруари 2025 (МИА) -  Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, ќе поднесе оставка како член на олимпискиот штаб, откако функцијата ќе му ја предаде на својот наследник во јуни, објави МОК.

Бах, олимпискиот шампион во мечување од 1976 година, оваа година се повлекува од функцијата по 12 години на чело на организацијата. Тој на 23 јуни ќе му ја предаде власта на новиот претседател, кој ќе биде избран на 20 март.

-Извршниот одбор на МОК се согласи да ја прифати оставката на претседателот Томас Бах како член на централата, која ќе стапи на сила по 23 јуни 2025 година, се вели во соопштението на МОК.

Бах (71) во принцип би можел да остане член до 80-годишна возраст по приклучувањето на МОК во 1991 година.

Има седум кандидати за наследник на Бах на гласањето на 20 март на седницата на МОК во Грција. За оваа функција ќе се борат претседателот на Светската атлетика Себастијан Коу, мултимилионерот и претседател на Светската скијачка федерација Јохан Елиас и министерката за спорт на Зимбабве, Кирсти Ковентри.

Потпретседателот на МОК, Хуан Антонио Самаранч, син на покојниот поранешен претседател на МОК, претседателот на Меѓународната велосипедска унија Дејвид Лапартиент, принцот Фајсал Ал Хусеин од Јордан и претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ) Моринари Ватанабе, исто така, се во игра за наследник на Томас Бах. дс

Фото: Архива

Остани поврзан