• вторник, 24 декември 2024

Претседателот на Конго Феликс Чисекеди победи на претседателските избори, опозицијата бара ново гласање

Претседателот на Конго Феликс Чисекеди победи на претседателските избори, опозицијата бара ново гласање

Киншаса, 31 декември 2023 (МИА) – Претседателот на Конго Феликс Чисекеди победи на претседателските избори со 70 отсто од гласовите, објави денеска изборната комисија на земјата.

Прелиминарните резултати беа објавени поради барањата на опозицијата и некои граѓански здруженија да се повтори гласањето поради, како што тврдат, големите изборни нерегуларности кои ја доведуваат во прашање валидноста на изборите.

По Чисекеди, најмногу гласови освои бизнисменот Мојсе Катумби со 18 отсто од гласовите, а трет е Мартин Фајулу кој освои пет отсто од гласовите.

Нобеловецот Денис Муквеге, доктор познат по лекување на жени жртви на сексуално насилство во источно Конго, доби помалку од еден процент од гласовите.

Изборната комисија соопшти дека излезноста на изборите била околу 18 отсто, резултатите ќе бидат испратени до Уставниот суд на Конго на потврда, изјави претседателот на комисијата Денис Кадима. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан