• среда, 18 декември 2024

Претседателот на италијанскиот Дом на пратеници, Роберто Фико во посета на Северна Македонија

Претседателот на италијанскиот Дом на пратеници, Роберто Фико во посета на Северна Македонија

Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Претседателот на италијанскиот Дом на пратеници, Роберто Фико од утревечер ќе престојува во официјалната посета на Република Северна Македонија.

Од Амбасадата на Италија во Скопје информираат дека Фико во среда ќе оствари средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според агендата, претседателот на италијанскиот Дом на пратеници ќе го посети Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде ќе има средби со студенти по италијански јазик и од универзитетите УКИМ, СЕЕУ, и Гоце Делчев, како и со ученици од некои средни училишта - особено од гимназијата „Никола Карев“, каде оваа година беше отворена паралелка за изучување на италијанскиот јазик. Претседателот на италијанскиот Дом на пратеници, Роберто Фико пред посетата на Северна Македонија ќе престојува во Тирана, Албанија. дма/сст/

Остани поврзан