• среда, 25 декември 2024

Претседателот на Зимбабве положи заклетва за втор мандат по спорното гласање

Претседателот на Зимбабве положи заклетва за втор мандат по спорното гласање

Хараре, 4 септември 2023 (МИА) - Претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва ја презеде функцијата за својот втор мандат, јави ДПА.

Тоа, како што забележува Агенцијата, се случило и покрај обвинувањата на меѓународните набљудувачи дека изборите во август во земјата биле погрешни.

За време на официјалната церемонија на инаугурација одржана на националниот спортски стадион во главниот град Хараре, Мнангагва рече дека Зимбабве покажала дека е „зрела демократија“ и наласи дека во вториот мандат ќе обезбеди почитување на Уставот и владеење на правото во државата.

Мнангагва беше прогласен за победник по претседателските избори за кои набљудувачите велат дека не биле доволно слободни и фер. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан