• четврток, 26 декември 2024

Претседателот на ЗЕЛС оствари средба со градоначалникот на Општина Бутел

Претседателот на ЗЕЛС оствари средба со градоначалникот на Општина Бутел

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) – Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, со средба со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ја започна серијата средби со градоначалници на општини на територијата на Скопје, која има за цел преку разговори и споделување идеи и практики да се надминат проблемите на граѓаните, соопшти денеска Општина Кисела Вода. 

 Ѓорѓиевски, стои во соопштението, оценил дека градоначалникот на Бутел е пример за тоа како преку посветена работа и комуникација со граѓаните се решаваат нивните децениски проблеми.

– Влегоа буквално во секое населено место, ги решија децениските проблеми на жителите и денес Бутел е една општина со драстично сменета реалност на подобро. Тоа се гледа и на терен и морам да им честитам. И покрај сите опструкции од сега веќе поранешната централна власт и актуелната на Град Скопје, Дарко и неговиот тим имаат највисок степен на реализација на проекти, повеќе од сите претходни раководства заедно, вели Ѓорѓиевски.

Додава дека како претседател на ЗЕЛС, отворил теми за тоа што треба дополнително да се реализира, нагласувајќи дека она што недостига е слух од раководството на Град Скопје.

– На средбата, како претседател на ЗЕЛС, отворив теми за тоа што треба дополнително да се реализира и да видиме како можеме да дојдеме до заеднички решенија. Она што најмногу недостига е непостоењето на слух од страна на град Скопје. Се надевам дека во периодот што следи до следните избори, Дарко ќе најде сили да го реализира она за што се обврза, како што е проектот за мега парк на Христијан Тодоровски – Карпош, потоа чистењето на реката Серава итн. Оваа средба е почеток на средбите со градоначалниците што во периодот што следува ќе се интензивираат се со цел да се најде решение за граѓаните на Скопје, додава Ѓорѓиевски. ра/лв/

Фото: Општина Кисела Вода

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан