• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателот на Европскиот совет го отфрли барањето на Орбан за безусловен прекин на огнот во Украина

Претседателот на Европскиот совет го отфрли барањето на Орбан за безусловен прекин на огнот во Украина

Будимпешта, 3 март 2025 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше самитот во Лондон, обвинувајќи ги европските лидери дека „избраа да го продолжат војувањето наместо мир“, нарекувајќи го таквиот пристап погрешен, опасен и штетен.

Според независниот унгарски портал Direkt36, Орбан испратил писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, барајќи итни преговори за прекин на огнот во Украина.

Заедно со словачкиот премиер Роберт Фицо, кој исто така има проруски ставови, Орбан најави можност да ги блокира заклучоците на Европскиот совет за Украина, кои треба да бидат усвоени оваа недела.

Сепак, Кошта не изрази загриженост за овие закани, и при посетата на Молдавија порача дека безусловен прекин на огнот не е опција.

- Европската Унија е проект за мир, но мирот значи и безбедност и одбрана како приоритет. Мир без одбрана е само илузија, изјави Кошта.

Тој нагласи дека никој не посакува мир повеќе од Украинците, но дека тој мора да биде „праведен и траен“.

„Мирот не е само прекин на огнот што би ѝ дал шанса на Русија повторно да се реорганизира и да се врати уште посилна. Она што го сакаме е праведен и траен мир“, заклучи Кошта. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан