• петок, 27 септември 2024

Претседателот на Германија во посета на Египет

Претседателот на Германија во посета на Египет

Каиро, 10 септември 2024 (МИА) – Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денеска допатува во Каиро. Тоа е прва посета на германски претседател на Египет по 25 години.

За утре е предвидена средба на Штајнмајер со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, на која ќе се разговара за билатералните односи, но и за конфликтот на Блиски Исток.

Штајнмаер е придружуван од делегација бизнисмени. Германија е најважниот трговски партнер на Египет во Европа. Над 250 германски компании се присутни во Египет. Германците се најбројните странски туристи кои го посетуваат Египет. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан