• недела, 22 декември 2024

Претседателот на БДС присуствуваше на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик

Претседателот на БДС присуствуваше на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик

Скопје, 21 декември 2024 

Претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) Мунир Колашинац со претседателот на Бошњачкиот национален сојуз (БНС) во Скопје присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на наставата на турски јазик - 21 декември.

На свеченото одбележување на националниот празник на Турците во земјава, присуствуваа бројни јавни личности од светот на политичкиот и општествениот живот меѓу кои и делегација на Големото Турско Национално Собрание (ТБММ) предводено од претседателот на ТБММ Нуман Куртулмуш.

Претседателот на БДС Мунир Колашинац, ја искористи можноста да го честита 21 декември - Денот на наставата на турски јазик при што потсети дека на денешен ден пред точно 80 години во скопското основно училиште „Тефејуз“ започна наставата на турски јазик. Потоа, додаде Колашинац, наставата на турски јазик се прошири и во другите краишта ширум земјава во кои живеат Турците. Колашинац истакна дека ова е важна манифестација која потсетува и на важноста на зачувувањето и унапредувањето на турскиот јазик низ образовниот систем, како и на неговата улога во поврзувањето на турската заедница ширум земјата, регионот и светот. Тој упати и благодарност до организаторите на одличната организација, потенцирајќи ја улогата на турските просветни работници и интелектуалците генерално во зачувувањето и афирмирањето на турскиот јазик како важен дел од културниот и националниот идентитет на Турците и турската заедница. Претседателот на БДС искажа задоволство поради присуството на претседателот на ТБММ, Нуман Куртулмуш, на оваа важна манифестација во земјава, потенцијраќи дека односите на Северна Македонија и Туркије се братски, пријателски и имаат вековна традиција.

Колашинац нагласи дека Бошњаците и Турците се братски народи, меѓу кои постојат силни историски и културни врски, при што потенцираше дека постои голем потенцијал за нивен развој во политички, економски, културен и општествен контекст.

Бошњачки демократски сојуз

______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан