• среда, 13 ноември 2024

Претседателот на Барселона по поразот од Жирона: „Вака не може...“

Претседателот на Барселона по поразот од Жирона: „Вака не може...“

Барселона, 5 мај 2024 (МИА) - Топло ладно - така може да се окарактеризира сезоната на Барселона без трофеј. Поразот од Жирона не само што ја официјализираше 36-та титула на Реал Мадрид, туку и го означи падот на Каталонците на третото место.

Колку што навивачите беа задоволни од останувањето на Чави Ернандез на клупата и следната сезона, толку беа разочарани од играта против Жирона, која уште еднаш на теренот потврди дека игра подобро од градскиот ривал. И дека заслужено е повторно прва зад Реал.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, бесен по поразот, е снимен како им вели на колегите: „Вака не може...“.

А, не може од повеќе причини, бидејќи доколку Барселона не заврши како вицешампион, нема да игра во шпанскиот Суперкуп, а со тоа ќе загуби најмалку осум милиони евра што ги носи учеството во Саудиска Арабија и потенцијално до двојно повеќе со спонзорски и промо активности.

-Поразот од Џирона нема да ги промени плановите што ги имаме. Ќе останам тренер на Барселона и следната сезона, изјави тренерот Чави Ернандез по мечот со Жирона.

Ова не е доведено во прашање, велат шпанските медиуми, бидејќи Лапорта не би го погазил својот збор, но Барселона не личеше на тим кој може да се натпреварува на највисоко ниво и да освојува трофеи.

Во исто време, финансиската структура не е стабилна, Лапорта прави разни „гимнастики“ за да го испочитува финансискиот фер-плеј и да ја обезбеди лиценцата од Примера Ла Лига. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан