• понеделник, 18 ноември 2024

Претседателот на АУ, Сал во посета на Русија

Претседателот на АУ, Сал во посета на Русија
Дакар, 2 јуни 2022 (МИА) Претседателот на Африканска Унија (АУ) и претседател на Сенегал, Маки Сал при утрешната посета на Русија, во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин. Во соопштението од Кабинетот на Сал се наведува дека посетата е со цел „ослободување на резервите на жито и вештачки ѓубрива, чие блокирање посебно ги погоди африканските земји“, како и за ублажување на конфликтот во Украина. Посетата е на покана на Путин, а Сал ќе биде придружуван од претседателот на Комисијата на АУ. Украина и Русија се главни снабдувачи на пченица и други житни култури во Африка. Исто така Африка е зависна и од руските вештачки ѓубрива. бд/ми/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан