• среда, 13 ноември 2024

Претседателот МД „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средба со потпретседателот на Собранието, Милошоски

Претседателот МД „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средба со потпретседателот на Собранието, Милошоски

Дебар, 9 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Македонско друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во Скопје остварил работна средба со Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија.  

- На работната средба го информирав за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Македонците во Република Албанија. Секако беше информиран и за активностите на друштвото, кое со години е активен субјект меѓу македоската заедница во Република Албанија, информираше Ѓурѓај.

Додава дека на средбата Милошоски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија.

- Многу отворено се разговараше за можни активности за надминување на проблемите на Македонците. Секако, во опсегот на неговите надлежности, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на нас Македонците во Албанија, нагласува тој.

Ѓурѓај за време на престојот во Скопје го посетил и Државниот архив на Република Македонија, каде се сретнал со директорката Наташа Котлар-Трајкова. 

На средбата станало збор за намерите за потпишување Меморандум меѓу Државниот архив и друштвото, кој "би опфатил повеќе проекти кои ќе се реализираат во иднина".

- Заеднички став беше дека е потребно да се формира архивски фонд како посебен вид на соработка кој би ја опфаќал историјата на македонските организации и дејноста на видни македонски активисти од Република Албанија. Директорката кажа дека Државниот архив како институција ги поддржува сите активности на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, посочува Ѓурѓај.

Претходно, тој се сретна со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и со Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. вт/цр


Фото: ФБ Ѓурѓај 

Остани поврзан