• вторник, 19 ноември 2024

Претседателот Матарела утре и задутре ќе има консултации за формирање на новата италијанска Влада

Претседателот Матарела утре и задутре ќе има консултации за формирање на новата италијанска Влада
Рим, 19 октомври 2022 (МИА) - Кабинетот на италчијанскиот претседател, Серѓо Матарела денеска соопшти дека утре и задутре ќе се спроведат консултации за формирање на нова италијанска Влада. На парламентарните избори во Италија, што се одржаа минатиот месец, победи десничарскиот блок, предводен од Ѓорѓа Мелони, лидерката на „Браќата на Италија“, во која уште се и „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио Берлускони и „Лига“ на поранешниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, јавија британските медиуми. Пред да побара од Ѓорѓе Мелони да формира нова влада, Матарела во претседателската палата мора прво да се консултира со лидерите на политичките партии, што е дел од уставниот процес што треба да доведе до нејзино преземање на функцијата до средината на следната недела. сд/

Остани поврзан