• петок, 27 декември 2024

Претседателот и членовите на РКЕ на средба со директорот на ЕЗ, Лорковски

Претседателот и членовите на РКЕ на средба со директорот на ЕЗ, Лорковски
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) – Размена на мислења во врска со снабдувањето со природниот гас, но и за отпорноста на енергетскиот систем и функционирањето на регулативата во време на енергетската криза, беа тема на денешниот состанок во Скопје на членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со Артур Лорковски, новоименуваниот директор на Енергетска заедница (ЕЗ). Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски го запозна директорот Лорковски за потребата од воведување на реформа на тарифниот модел и ги сподели првичните информации кои покажуваат дека еден отсто од домаќинствата трошат 20 отсто од електричната енергија од домашниот производител ЕСМ. -Тимови од Електротехничкиот факултет и од Машинскиот факултет прават детални анализи врз основа на кои треба да се дефинираат блоковите, за кои ќе има и јавна расправа. Интересен е фактот дека енергетската криза ги направи проактивни домашните компании кои за да заштедат и да го намалат ценовниот удар од електричната енергија што ја набавуваат од слободниот пазар инсталираат фотоволтаични електро централи и сами си ја обезбедија неопходната количина за електрична енергија. Во изминатиот период капацитетот на фотоволтаичните електроцентрали кои се на покривните конструкции од погоните и дирекциите на компаниите се во вкупна моќност како ХЕЦ Света Петка, посочи Бислимоски. вј/ац/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан