• петок, 27 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими норвешката амбасадорка Кристин Мелсом

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими норвешката амбасадорка Кристин Мелсом

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.

Како што информира Кабинетот на Сиљановска Давкова, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи што, во изминативе три децении, се засноваат на традиционално пријателство и конструктивно партнерство. Во таа насока била реафирмирана посветеноста за натамошно негување на заедничките вредности, динамизирање и унапредување на политичкиот дијалог и соработка во сите области од заемен интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова изразила задоволство од континуираната и конкретна норвешка поддршка во развојот на нашите капацитети и остварувањето на надворешно политичките приоритети и цели. Во таа насока истакнала дека интеграцијата во евроатлантските структури и членството во ЕУ се значаен предуслов за долгорочен и одржлив развој на регионот.

- Во контекст на економската соработка, двете соговорнички ја истакнаа важноста на норвешко-македонската стопанска комора во Осло, како силен поттик за бизнис заедниците, зајакнување на економските релации и трговската размена, се наведува во ссоопштението. мд/дма/

Фото: Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова

Остани поврзан