• петок, 27 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими израелската амбасадорка, Симона Франкел

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими израелската амбасадорка, Симона Франкел

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел. На средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што било оценето дека се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање.

Претседателката Сиљановска Давкова, како што соопштија од нејзиниот Кабинет, го истакнала македонскиот интерес за искористување на значајниот потенцијал за понатамошно унапредување на севкупната соработка и важноста од продлабочување на билатералните односи преку конкретна секторска соработка, имајќи ги предвид економските, технолошки и научни капацитети на Израел.

- На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за актуелната состојба во Израел по нападите на Хамас од октомври минатата година. Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека за сите безбедносни прашања, вклучувајќи го и Блискиот Исток, нашата држава го усогласува својот став со позициите на ЕУ и ги координира своите политики во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и во координација со земјите-членки на НАТО, а се води исклучиво од македонскиот интерес и интересот на македонските граѓани, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова. цр/аа/

Фото: Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова

 

Остани поврзан