Претседателката Сиљановска Давкова ја прими амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ
- Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Причина за посетата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, било реафирмирањето на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ за официјална посета на Република Србија.
Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ. Причина за посетата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, било реафирмирањето на поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ за официјална посета на Република Србија.
Сиљановска Давкова ја прифатила поканата, а терминот на остварување на средбата ќе биде дополнително определен. Исто така, српската амбасадорка ѝ врачила на претседателката Сиљановска Давкова покана за учество на специјализираната меѓународна изложба ЕXPO 2027, што ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август.
Претседателката изразила благодарност и спремност за учество на истата, акцентирајќи го значењето на овој меѓународно признат настан, не само за Република Србија и регионот, туку и пошироко.
- Во текот на разговорот уште еднаш беа потврдени извонредните македонско - српски односи со желба за нивно продолжување, стои во соопштението од Кабинетот на Сиљановска Давкова. цр/лв/
Фото: Кабинет на Сиљановска Давкова