• недела, 24 ноември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова: Специјалните сили на Армијата пример што значи елита, да сте прв во својата професија

Претседателката Сиљановска Давкова: Специјалните сили на Армијата пример што значи елита, да сте прв во својата професија

Охрид, 11 јули 2024 (МИА) – Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска како врховен командант на Армијата, ги посети армиските припадници од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.

По пречекот со воени почести, претседателката Сиљановска Давкова во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски беше брифирана за капацитетите на Баталјонот на специјални сили, а потоа имаше можност да се запознае преку презентација со вежтините и подготвеноста на припадниците на единицата за изведување сложени на операции на вода и приказ на боречки вештини.

- Откако видов, сега ми е јасно зошто нашата армија ја ужива највисоката доверба кај граѓаните. Сигурно она што го видов граѓаните го чувствуваат,најчесто од своите блиски...Сум знаела дека нашето учество во бројни мисии е заслужено, знам колку награди добиле овие луѓе, но сега на лице место видов што се можат да направат. Уште еднаш, зборови на немерлива почит, горда сум што сум командантка на овие луѓе, на нашите вооружени сили, посакувам да нема потреба да бидат употребени, но знам дека оваа земја треба да се чувствува безбедно, рече претседателката.

Таа истакна дека посакува во сите области, во владеењето на правото, во развојот на демократијата,но независното судство, во образованието да се достигнат стандардите што ги поседуваат специјалните единици на Армијата.  

Нејзините високи оценки за подготвеноста на специјалните сили на Армијата ги преточи во порака до политичарите, за тоа што значи да се биде елита.

- Елитизмот не значи да сте на некоја висока функција, туку да сте прв во својата струка, во професијата, а тоа трбе ада важи и за политиката, рече таа.

На прашање на новинарите Сиљановска Давкова за можноста од враќање на обврска за отслужување воен рок, таа со став дека не би требало да се исклучува можност да им се овозможи на младите луѓе кои би сакале на доброволна основа да служат воена обврска.

- Сме имале такво искуство, мислам дека треба да се размислува. Мислам дека тогаш и односот кон армијата ќе биде попозитивен. Треба да се отвори темата, да се разговара, треба да се слушнат аргументите, да се тестира расположението кај луѓето..., рече претседателката.

Началникот на Генералштабот на АРМ , генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски , изрази задоволство што претседателката на државата и врховниот комендант на оружените сили високо ја оцени подготвенота на оружените сили, посочуваји дека за сите припадници на АРМ тоа ќе биде мотивација и обврска да се продолжи така и во иднина. аб/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан