• сабота, 27 јули 2024

Претседателката Сиљановска Давкова прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Претседателката Сиљановска Давкова прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска примила членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

На средбата членовите на Комисијата ја запознале претседателката Сиљановска Давкова со тековните активности, обемот на поднесените претставки, донесените одлуки и бројот на досега утврдените случаи на дискриминација. Во таа насока, како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, ја потенцирале нивната заложба за транспарентност, достапност и проактивност во елиминирање на сите видови дискриминација и промоција на човековите права.

Нагласувајќи ја исклучително важната улога на КСЗД, како самостоен и независен орган, претседателката Сиљановска Давкова ја изразила нејзината безусловна поддршка на активностите за спречување и заштита од дискриминација на граѓаните, како основен предуслов за градење демократско општество.

На средбата присуствувале претседателот на Комисијата Игор Јадровски, заменик претседателот Лимко Бејзароски и членовите Флора Кадриу, Драгана Дрндаревска и Душан Томшиќ. цр/ев/

Фото: Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова

 

Остани поврзан