• сабота, 28 декември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова на средба со постојаниот претставник на УНДП

Претседателката Сиљановска Давкова на средба со постојаниот претставник на УНДП

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, Армен Григорјан.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, се разговарало за соработката и активностите на УНДП, при што таа изразила задоволство од долгогодишното партнерство со УНДП, кое во соработка со македонските институции, општини и граѓанското општество даваат значаен продонес за севкупниот развој на државата.

Сиљановска-Давкова истакнала дека високо ги цени ангажманот и иницијативите на УНДП во различни суштински области, како што се економскиот развој, социјалната вклученост, родовата еднаквост, институционалното зајакнување, заштитата на животната средина, ублажувањето на климатските промени и младинскоо вклучување во процесите на одлучување и креирање политики.

На средбата било констатирано дека приоритетните активности на УНДП во нашата земја за 2021-2025 година се усогласени со македонските национални приоритети, засновани на принципите за одржлив развој и целосно компатибилни со процесот на пристапување во Европската Унија. дма/бак/

Фото: Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

 

 

 

Остани поврзан