• среда, 25 декември 2024

Претседателката на Хондурас ги обвини САД за интервенционизам

Претседателката на Хондурас ги обвини САД за интервенционизам

Тегусигалпа, 29 август 2024 (МИА) - Претседателката на Хондурас Ксиомара Кастро ги обвини САД за мешање во внатрешната политика на земјата, опишувајќи го наводниот американски интервенционизам како „неприфатлив“.

Таа изјави дека му наредила на шефот на дипломатијата да го „поништи“ договорот за екстрадиција со САД, пренесуваат британските медиуми.

„Мешањето и интервенционизмот на САД, како и нивната намера да ја насочат политиката на Хондурас преку својата амбасада и други претставници, се неподносливи“, наведе таа  во објавата на социјалните мрежи.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан