• недела, 24 ноември 2024

Претседателката на Словачка го повика премиерот да поднесе оставка

Претседателката на Словачка го повика премиерот да поднесе оставка
Братислава, 23 март 2021 (МИА) - Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова денеска го повика премиерот Игор Матович да поднесе оставка, со што би ставил крај на политичката криза во земјата. - Неизбежно е со својата оставка тој да дозволи договор помеѓу коалициските партнери за реконструкција на Владата, посочи Чапутова. Претходно, министерката за правда Марија Коликова поднесе оставка. Таа својата одлука ја образложи со изјавана на Матович дека ќе се повлече од функцијата само ака таа, министерот за економија Рихард Сулик, потпретседателот на Собранието, Јурај Селига и претседателката на Одборот за здравство, Јана Бито Циганкова поднесат оставка. Сулик вчера поднесе оставка. Партиите Слобода и солидарност (СаС) и За народот, две од четирите коалициски владини партии, бараат оставка од Матович, кој го обвинуваат за лошо управување со пандемијата и за тајно склучување на договор за купување на руската вакцина против Ковид-19 Спутник В, и покрај нивното противење. Матович вчера изјави дека е подготвен да поднесе оставка за да ја спаси коалициската Влада предводена од неговата партија Обични луѓе и независни личности (ОЛаНо) и оти сака да остане во Владата како министер. Лидерот на СаС, Сулик, кој беше министер за економија и вицепремеир го одби неговиот услов. Анкетата објавена во неделата покажува дека над 80 проценти од Словаците сакаат оставка од Матович. Едуар Хегер, член на ОЛаНо и актуелен министер за финансии и вршител на должноста министер за здравство е можен кандидат за премиер. ми/

Остани поврзан