• четврток, 26 декември 2024

Претседателката на Молдавија со порака до Русија: Повлечете се од Придњестровје

Претседателката на Молдавија со порака до Русија: Повлечете се од Придњестровје
Кишинев, 17 март 2022 (МИА) - Русија мора да ги повлече војниците од Придњестровје, бидејќи игра значајна улога во овој регион, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду. - Русија има значајна улога во конфликтот во Придњестровје, од нејзиниот почеток па се до тоа што се случува денеска. Бараме од вас да ја повлечете руската војска и да ја ликвидирате муницијата во складиштата на левиот брег, појасни Санду. Таа наведе дека Русија испровоцирала вооружен конфликт во Придњестровје, со тоа што таму пратила „свои луѓе“ во 1992 година, јавија руски медиуми. Санду зборува за „потполно повлекување“ на руските војници од регионот, уште од почетокот на својот мандат. бд/сд/

Остани поврзан