• недела, 17 ноември 2024

Претседателката на Косово, Османи Садриу, во посета на Тетово

Претседателката на Косово, Османи Садриу, во посета на Тетово

Тетово, 27 април 2023 (МИА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, денеска ќе престојува во официјална посета на Општина Тетово.Од Општина Тетово најавија дека претседателката Османи Садриу ќе оствари средба со тетовскиот градоначалник Билал Касами, по што ќе го посети ООУ „Лирија”. На градскиот плоштад предвиден е музички настап со стари народни песни, по што ќе замине во Шарена џамија.

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денеска во градот ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје по повод престојoт на висока делегација на Република Косово. 

Временото сообраќајно ограничување ќе почне од 5 часот наутро се до завршувањето на официјалната посета. 

- Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата на булеварот „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со улицата „Видоја Смилевски-Бато“ до крстосницата со улицата „Благоја Тоска“. Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање  и на улицата „ЈНА“, на потегот од крстосницата на улицата „Димо Гавровски-Кара“ со булеварот „Илинденска“, како и на булеварот „Илинденска“, на потегот од крстосницата на Булеварот „Маршал Тито“ со улицата „ЈНА“. На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните денеска да не се движат со нивните возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба, но и да имаат разбирање и трпение за изменетиот сообраќаен режим и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници, со што непосредно ќе придонесат за безбедна реализација на официјалната посета на косовската делегација

За време на официјалната посета, вчера претседателката Османи Садриу оствари средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.  ас/цр/

Фото: МИА

Остани поврзан