• сабота, 23 ноември 2024

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Скопје, 9 мај 2024 (МИА) - Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

- Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија. Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, напиша Морачанин на својот профил на Фејсбук. ев/bak/

Фото: МИА

Остани поврзан