• среда, 25 декември 2024

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин на Интернационалната конференција за население и развој на ОН во Женева

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин на Интернационалната конференција за население и развој на ОН во Женева

Скопје, 20 октомври 2023

Претседателката на ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин, на покана на Европскиот парлементарен форум, учествуваше на Интернационалната конференција за население и развој на ОН, од 18 - 20 октомври, во Женева.

На конференцијата се дискутираше на три главни теми:
1. Динамика на населението и одржлив развој; 2. Семејства, сексуално и репродуктивно здравје во текот на животот; и 3. Нееднаквости, социјална вклученост и права.

Во рамки на конференцијата, Морачанин учествуваше и на дебатата на Парламентарниот форум, на теми од областа на родовата еднаквост, подемот на анти-родовите движења, сексуално и репродуктивно здравје и права, демографија и планирање на семејството.

Според комбинираното рангирање за сексуалното и репродуктивно здравје и права, Македонија е со 73.9%, на скалата од 0 до 100%.

Најслаб резултат имаме по однос на политиките за пристап до контрацептивни средства, советување за планирање на семејството и онлајн информации за контрацепција-46.9%.Клучни идни чекори треба да бидат воведување на задолжително сеопфатно сексуално образование и најмалку едно контрацептивно средство на позитивната листа на лекови.

Маја Морачанин, престседателка на ДОМ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан