• среда, 27 ноември 2024

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија, Касандра Фернандо, денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија.

Како што е наведено на собранискиот сајт, таа ќе оствари средба со потпретседателката на Собранието Весна Бендевска.

Фернандо, исто така ќе се сретне и со претседателот на пратеничката група на Собранието на Северна Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, Љупчо Пренџов, и со членовите. нд/вг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан