• среда, 18 декември 2024

Претседателката на Грузија: Изборите закажани за утре се нелегитимни

Претседателката на Грузија: Изборите закажани за утре се нелегитимни

Тбилиси, 13 декември 2024 (МИА) – Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, чии овластувања истекуваат на 29 декември, денеска изјави дека претседателските избори, закажани за утре, се нелегитимни.

- Не знам ни како да ги наречам – провокација или пародија. Веројатно е пародија, целиот овој нелегитимен процес, рече Зурабишвили.

Таа истакна дека претстојните претседателски избори се „навредливи“ за грузискиот народ и додаде дека нема намера да се повлече од претседателската функција по истекот на нејзиниот мандат и оти „ќе остане со народот до крај“.

Утре во парламентот ќе биде избран новиот претседател на Грузија, а единствен кандидат е поранешниот фудбалер, актуелниот пратеник Михаил Кавелашвили, кој беше предложен од владејачката партија „Грузиски сон“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан