• сабота, 28 декември 2024

Претседателката на албанскиот Парламент, Спиропали на средба со амбсадорот Марковски: Соработката со Северна Македонија приоритет на надворешната и регионалната политика

Претседателката на албанскиот Парламент, Спиропали на средба со амбсадорот Марковски: Соработката со Северна Македонија приоритет на надворешната и регионалната политика

Тирана, 20 август 2024 (МИА) - Претседателката на парламентот, Елиса Спиропали, денеска во својот кабинет го прими амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски, информираа од нејзиниот кабинет.

Амбасадорот Марковски упатил честитки за изборот на Спиропали за прв човек на Собранието и ја изразил „подготвеноста на амбасадата да придонесе во соработката на Парламентот и институциите на Република Северна Македонија со Албанија“.

Претседателката Спиропали нагласила дека соработката со Северна Македонија, Албанија ја смета за приоритет на надворешната и регионалната политика и ја изразила подготвеноста на Собранието и институциите на Албанија за интензивирање на билатералната соработка.

Посочила дека Собранието на Албанија ќе ја интензивира одличната соработка со македонското собрание и оти парламентарната соработка ќе ги унапреди односите и сеопфатната соработка меѓу двете земји.

-Албанија и Северна Македонија, како партнери во НАТО и во напорите и достигнувањата за членство во ЕУ, ќе продолжат да соработуваат и да придонесуваат за развојот, стабилноста и мирот во регионот и пошироко, истакна претседателка Спиропали, стои во соопштението од кабинетот.

Спиропали, која од 2019 година беше државна министерка за односи со парламентот, во владата на премиерот Еди Рама, за претседателка на законодавниот дом беше избрана на 30 минатиот месец. вт/аа/

Фото: Кабинет на Елиса Спиропали

Остани поврзан