• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателите на партиите од ВЛЕН вечер на ифтарска вечера кај Курти

Претседателите на партиите од ВЛЕН вечер на ифтарска вечера кај Курти

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Лидерите на четирите партии од коалицијата ВЛЕН вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај премиерот на Косово Албим Курти, потврди денеска министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.

Тој кажа дека меѓу другото очекува да разговараат за политички актуелни теми во Косово, Македонија и регионот, но и за идните локални избори.

- За локалните избори сме во релаксирана и добра атмосфера, се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение да нема незадоволни. Сите страни да бидат задоволни во коалицијата, рече Таравари.

Тој нагласи дека и односите во Владината коалиција с едобри и оти нема никакви проблеми и турбуленции. сс/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан