• сабота, 23 ноември 2024

Претрес кај тројца полицајци поради сомнение дека оддале и злоупотребиле службена тајна

Претрес кај тројца полицајци поради сомнение дека оддале и злоупотребиле службена тајна
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Полицијата врши претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение дека оддале службена тајна и злоупотребиле државна, службена или воена тајна. МВР информира дека денеска полициски службеници од одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал, за криминалистичка полиција, за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваа по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ. -Извршени се и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР. ир/дма/

Остани поврзан