• четврток, 26 декември 2024

Претрес во 76 џамии во Франција поради верски екстремизам

Претрес во 76 џамии во Франција поради верски екстремизам
Париз, 3 декември 2020 (МИА) - Француската Влада во борба против верскиот екстремизам ќе преземе повеќе активности, масовни и без преседан, меѓу кои е и претрес во џамии, изјави министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин. Тој на Твитер напиша дека една од акциите ќе биде и проверка на 76 џамии во земјата. Дарманин истакна дека резултатот од полициските акции, доколку се утврди поврзаност со екстремизам, би можело да биде и затворање на одделни џамии. гт/

Остани поврзан