Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер
- Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога го приведоа А.М. (37). При претрес во дом во Скопје, кај А.М. се пронајдени 61 пакувања и една тегла со марихуана, соопшти МВР.
![Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер](https://new.mia.mk/index.php/images/20230328214259_big_730x400_29.webp )
Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога го приведоа А.М. (37). При претрес во дом во Скопје, кај А.М. се пронајдени 61 пакувања и една тегла со марихуана, соопшти МВР.
Тој е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство е поднесена соодветна кривична пријава, по што од судија му е одредена мерка оритвор од 30 дена.