• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претрес во скопско, пронајден кокаин, лишен од слобода криминалец баран со потерница

Претрес во скопско, пронајден кокаин, лишен од слобода криминалец баран со потерница

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Во селото Страчинци вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар го лишија од слобода Т.Ф.(33) од, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор.

Како што соопштија од МВР, кај него бил пронајден и одземен кокаин.

-После тоа, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, се вели во соопштението на МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан