• вторник, 24 декември 2024

Претрес во Радовиш, пронајдени стебла и семки од канабис

Претрес во Радовиш, пронајдени стебла и семки од канабис

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Полицијата вчера во 13:15 часот во Радовиш го лишила од слобода Д.Ј.(36) од Радовиш. При неговиот преглед биле пронајдени 25 семки од растението канабис, пластичен грендер и други предмети.

Како што соопшти денеска МВР, во службениот разговор тој изјавил дека семките ги набавил со намера да ги засади и одгледува.

Врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш бил извршен и претрес во домот и просториите кои ги користи Д.Ј. во Радовиш и во село Шипковица, Радовишко, при што во дворното место на куќата во село Шипковица биле пронајдени две стебла канабис.

Д.Ј. е задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан