• четврток, 10 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претрес во прилепско, пронајдена пушка и муниција, приведено едно лице

Претрес во прилепско, пронајдена пушка и муниција, приведено едно лице

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Прилепската полиција го привела Ј.А.(45) од Скопје бидејќи во претрес на викендичка во близина на село Витолиште која била во негова сопственост е пронадена ловна пушка и муниција за неа, како и друг вид муниција.

- На 3 април 2025 полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.А.(45) од Скопје. Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во викендичка во близина на село Витолиште, прилепско, во сопственост на Ј.А.(45) од Скопје. При претресот била пронајдена ловна пушка со калибар 16мм , ловни патрони со калибар 16мм, 223 куршуми од автоматска пушка, 70 куршуми за пиштол, четири рамки од автоматска пушка, две рамки од полуавтоматска пушка и граната, информираат денеска од МВР.

Најавуваат дека по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/са/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан