• недела, 28 јули 2024

Претрес во Облешево, приведено едно лице, пронајдена дрога

Претрес во Облешево, приведено едно лице, пронајдена дрога

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Кочани, вчера во 16.00 часот во село Облешево, кочанско, го лишиле од слобода О.Н.(48) од ова село.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава. дма/са/

Фото:МИА арахива

Остани поврзан