• среда, 18 декември 2024

Претрес во Куманово, пронајдени околу 5500 парчиња пиротехника

Претрес во Куманово, пронајдени околу 5500 парчиња пиротехника

Куманово 17 декември 2024 (МИА) - Кумановската полиција изврши претрес во продажен објект во населбата Карпош и пронајде 5 500 парчиња пиротехнички средства.

-Вчера во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5 500 парчиња пиротехнички средства, соопшти полицијата.

С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ам/дма/

Фото:СВР Куманово 

Остани поврзан