Претрес во Куманово, приведено едно лице
- Синоќа во 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.П. (35) од Куманово.
Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Синоќа во 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.П. (35) од Куманово.
МВР денеска информира дека при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, а потоа при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени монети и други метални предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 265 од Кривичниот законик.
- З.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/ац/
Фото: МИА архива