• среда, 25 декември 2024

Претрес во Гостивар, пронајден кокаин  

Претрес во Гостивар, пронајден кокаин  
Гостивар, 21 март 2023 (МИА) - Едно лице е лишено од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом во Гостивар нашла поголема количина кокаин и дигитална вага.
 
Според информацијата на СВР Тетово, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (21 март) околу 17 часот го лишиле од слобода К.Д. (43) од Гостивар затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Гостивар пронајден е кокаин и дигитална вага.
 
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".
згм/аа/

Остани поврзан