Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведено едно лице
- Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар, утрово во 7:00 часот го лишиле од слобода Д.М.(36) од Гостивар.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/сст/
Фото: МИА архива