• недела, 20 октомври 2024

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - СВР Струмица вчера го лишила од слобода С.В.(28) од Гевгелија. При претрес на две локации во Гевгелија кои ги користел, по дадена судска наредба, биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од растителна материја.

Како што соопшти МВР, С.В. бил задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан