• сабота, 23 ноември 2024

Претрес во велешко, пронајдена ловечка пушка

Претрес во велешко, пронајдена ловечка пушка

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, вчера го лишиле од слобода Л.А.(75) од велешкото село Ореше.

Како што информира денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „ТОЗ – 63“ калибар 16мм и патрон со калибар 16мм за ловечка пушка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/ац/

Фото: МИА архива
 

 
 

 

 

Остани поврзан