• среда, 18 декември 2024

Претрес во Велес, пронајден еден килограм чист кокаин

Претрес во Велес, пронајден еден килограм чист кокаин

Скопје, 30 ноември 2024 (МИА) - Полицијата вчера во Велес при претрес пронашла еден килограм кокаин.  Поднесена е кривична пријава за три лица за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. 

-На 29.11.2024 во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(43) и Р.С(33), двајцата од Велес. При претрес во домот на С.Т.(49) од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, во присуство и на адвокат, каде биле затекнати и Д.С. и Р.С., биле пронајдени и одземени еден килограм кокаин, бела тврда материја, течност со остатоци од бела прашкаста материја, гасен пиштол “зораки”, вага и прибор за приготвување на наркотични дроги и други предмети. Д.С. и Р.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по насоки на јавен обвинител на лице место се обезбедува С.Т., поради здравствени причини, се наведува во соопштението од МВР.

Како што се наведува, извршено е вештачење во Одделот за форензички испитувања и против С.Т., Д.С. и Р.С. поднесена е кривична пријава по брза постапка за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено по член 215 од КЗ. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан