• вторник, 24 февруари 2026

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице

Битола, 23 февруари 2026 (МИА) - Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. 

Од СВР Битола информираат дека пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачје на Битола.

- На 21 февруари, со судска наредба, беше извршен претрес во домот и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Од страна на судија на предходна постапка на Л.Б. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, потврдија од СВР Битола. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан