• недела, 06 октомври 2024

Претпладне сончево и топло, на пладне и попладне услови за локално невреме со пороен дожд

Претпладне сончево и топло, на пладне и попладне услови за локално невреме со пороен дожд

Скопје, 3 август 2024 (МИА) – Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер над 60 километри на час и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне до 36 степени Целзиусови. вј/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан